Бесплатен влез за натпреварот на најдобрите македонски ракометарки против Литванија

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Оваа недела најдобрата македонска женска ракометна репрезентација има шанса да обезбеди пласман на Европското првенство кое ќе се одржи годинава од 28 ноември до 15 декември во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Нашите најдобри ракометарки по четири кола во квалификациската група „5“ се наоѓаат на второто место со четири бодови, водечка е Шпанија со осум кола и веќе е сигурен учесник на континенталниот шампионат. На третата позиција е Литванија со два бодови, колку што има и четвртопласиран Азербејџан.

Двете победи ги остваривме во старните две кола, најпрвин во Скопје со 40:17 го совладавме Азербејџан, а потоа на гости остваривме важен триумф над Литванија со 31:28.

Нашата селекција на едно коло до крајот може и официјално да слави пласман на ЕП. Тоа може да се случи в среда (3 април) доколку Шпанија слави во Вилнус против Литванките, а Македонија дојде до победа или ремизира во Баку против Азербејџан.

Во последното шесто коло на 7 април Шпанија е домаќин на Азербејџан, а Македонија ќе ја пречека Литванија.

Од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објавија дека бесплатен ќе биде влезот за натпреварот со Литванија, кој ќе стартува од 18.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. Директен пренос ќе има на МРТ.

РФМ им вети премии на сениорските ракометни репрезентации за пласман на СП и ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот