Бесплатен превоз во ЈСП за средношколците на пракса за време на летниот распуст

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година имаат право на бесплатен превоз за време на летниот распуст, соопшти ЈСП Скопје.

-Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“, се вели во соопштението.

Од 12 јуни јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред, а распоредот е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот