Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во Кавадарци

Фото: Митко Јанчев, Фејсбук

Локалната самоуправа во Кавадарци од денеска ќе обезбедува бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта.

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев соопштија дека со ова официјално започнува реализацијата на проектот „Оброк за секое дете“, што беше дел од предизборната програма

Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека Општина Кавадарци, континуирано води грижа за сите свои жители, без разлика дали тие припаѓаат во рурална, или урбана средина.

Претходно, градоначалникот Јанчев нагласи дека храната од оброкот ќе биде разновидна и квалитетна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот