Беше фатална убавица, со долгите нозе му го замати разумот и на Том Круз, а денес никој не може да ја препознае (ФОТО)

Profimedia

Кели Мекгилис некогаш беше фатална убавица, а денес едвај ќе ја препознаете.

Актерката (63) се прослави во 1986 година во филмот „Топ ган“, во кој ја толкуваше улогата на инспекторката Чарли, фатална русокоса која ја обожаваше цел свет.

Profimedia

Брановидната коса, убавото лице и виткото тело ја лансираа Кели во ѕвездите, а по тој голем успех што го подели со Том Круз отвори и свој бар, работеше со наркомани и алкохоличари, ги подучуваше младите актери и ги прифати улогите за неколку нискобуџетни филмови.

Но Том Круз, за да опстане на врвот на филмската индустрија, мораше да изгледа приближно како во 1986 година кога ја бакнуваше Кели пред камерите. Тој повторно доби улога во продолжението на „Топ ган“, а Кели, за жал не.

„Стара сум и дебела и изгледа, во согласност со моите години, а тоа не е она што се очекува во шоу-бизнисот. Многу ми е помило да се чувствувам сигурна во својата кожа и да бидам она што сум во овие години, отколку да придавам важност на сè останато“, искрена е Кели.

Profimedia

Кели во јавност ретко се појавува, а и кога го прави тоа многумина едвај ја препознаваат затоа што многу се променила. Престанала да се грижи за својата телесна тежина, а ја скратила и препознатливата руса коса.

Profimedia

Кели зад себе има два брака и две деца, а во 2010 година јавно призна дека е лезбејка.

Погледнете како изгледа денес.

Profimedia

The post Беше фатална убавица, со долгите нозе му го замати разумот и на Том Круз, а денес никој не може да ја препознае (ФОТО) appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот