
Берлин го предупреди Иран дека не презел мерки за да спречи повторно воведување на санкциите
– Германија денес го предупреди Иран дека сè уште не ги презела „разумните и прецизни мерки“ потребни за да се спречи повторно воведување на санкциите на Обединетите нации поради неговата нуклеарна програма.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Соопштението на германското Министерство за надворешни работи следеше по разговорите што Иран ги одржа со Франција, Германија и Велика Британија, како и со висок функционер на Европската Унија, пренесува АП.
Претходно , Ројтерс, повикувајќи се на неименуван француски дипломатски извор, објави дека министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија и Германија, Жан-Ноел Баро, Ивет Купер и Јохан Вадефул ќе одржат разговори со нивниот ирански колега Абас Аракчи.
Агенцијата, повикувајќи се на неименуван извор, изјави дека разговорот имал за цел да ги разгледа плановите на европските сили за повторно воведување на санкциите на Обединетите нации и да ги потврди условите поставени за Техеран, чие исполнување би можело да ја одложи таа одлука.
Кон крајот на август, Велика Британија, Франција и Германија, дел од групата Е3, му дадоа на Иран еден месец да се приклучи на преговорите или да се соочи со повторно воведување на санкциите според нуклеарниот договор од 2015 година.
Обединетите нации го окарактеризираа овој период како „прозорец на можности“ за постигнување дипломатско решение.
Договорот од 2015 година, постигнат за време на мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама, му овозможи на Иран олеснување на санкциите во замена за значително ограничување на неговите нуклеарни активности.
САД се повлекоа од договорот во 2018 година, за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, кој воведе широки санкции, вклучително и оние против земјите што купуваа иранска нафта.
Западните земји го обвинуваат Иран дека се обидува да развие нуклеарно оружје, додека Техеран ги отфрла тие тврдења и инсистира на своето право да развива цивилна нуклеарна програма.