Бенон се изјасни за невин, судењето ќе започе во мај идната година

epa08614571 epa07982188 Former White House strategist Steve Bannon (L) departs after testifying at the trial of Roger Stone, former advisor to US President Donald J. Trump, at the Federal District Court in Washington, DC, USA, 08 November 2019. Stone has been charged with seven counts of obstruction of justice, making false statements and witness tampering. EPA-EFE/SHAWN THEW EPA-EFE/SHAWN THEW

Поранешниот советник на американскиот претседатело Доналд Трамп, Стив Бенон и воениот ветеран Брајан Колфеж, обвинети за порневера на донирани пари во кампањата за градење на ѕид на границата со Мексико, се изјаснија дека не се виновни на сослушувањето во понеделникот, а судит почетокот на судењето го закажа за мај 2021 година.

Федералното обвинителство на 20-ти август ги обвини Бенон, Колфеж и уште две лица за злоупотребна на дел од парите во кампањата за соборање 25 милиони долари во инцијативата „Градиме ѕид“. Според обвинението, наводно Бенон и Колфеж искористиле неколку стотини илјади долари од оваа сума за приватни цели.

Во САД уапсен Стив Бенон, поранешен советник на Трамп

Шеесети и шестгодишниот Стив Бенон се изјасни дека не е виновен, како и 38-годишниот Брајан Колфеж, кој ги загубил двете нозе и десната рака во ракетен напад во Ирак во 2004 година.

Окружната судијка во судот во Менхетен, Аналиса Торес, го одреди датумот на судењето за 24-ти мај 2021 година. Во виртуелното сослушивање, судијката рече дека само неколку судници во зградата се технички опремени за пандемијата на коронавирусот, и изрази надеж дека судењето ќе може да започне на закажаниот датум.

Трамп: Апсењето на Бенон е многу тажна работа

Трамп жали за апсењето

Како висок советник на Трамп во претседателската кампања а потоа и како главен стратег во Белата куќа, се смета дека Бенон учествал во создавањето на десната стратегија „Америка на прво место“ и платформата за запирање на доселувањето на мигрантите.

Другите двајца сообвинети во истиот предмет, 56-годишниот Ендрју Бадолато и 49-годишниот Тимоти Ши, исто така, се изјаснија дека не се виновни на сослушувањето во понеделникот. Сите четворица се бранат од слобода со положување кауција, но ги предадоа своите пасоши.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека се чувствува „многу тажно“ поради приведувањето на Стив Бенон, кого го смени во 2017 година, но се дистанцираше од неговата приватна иницијатива да изгради пограничен ѕид со Мексикот и истакна дека со него неколку години не е во контакт.

Соработници на Трамп кои завршија во затвор: Последен е Бенон, овие функционери беа пред него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот