Трамп: Апсењето на Бенон е многу тажна работа

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека апсењето на неговиот поранешен советник Стив Бенон е многу тажна работа.

– Тоа е многу тажна работа за годподинот Бенон. Изненадувачки е, истакна Трамп, при тоа додавајќи оти од почетокот не му се допаѓал проектот „Градиме ѕид”.

Покрај Бенон, приведени се уште три лица поради проневера на парите на донаторите на кампањата „Градиме ѕид”, со која требаше да се соберат пари за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико.

Во САД уапсен Стив Бенон, поранешен советник на Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот