Белоруското МО соопшти дека борците на „Вагнер“ ги обучуваат нивните војници

Лукашенко ги надгледува маневрите на полигонот Осиповичски - Фотографија ЕПА, Прес-служба на претседателот на Белорусија

Борците од групата „Вагнер“ ги обучуваат силите за територијална одбрана во Белорусија, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Обуката на силите се одвива во градот Осиповиќи, каде што има празен камп за членовите на групата „Вагнер“, а можеби и складиште за тактичко нуклеарно оружје што Русија го распореди во Белорусија.

Регрутите ги совладуваат вештините за движење на бојното поле и тактичките напади, стекнуваат знаења за инженерска обука и тактичка медицина. „Борците на „Вагнер“ се еден вид инструктори во голем број воени дисциплини“, соопшти Министерството на Телеграм, а пренесува „Скај њуз“.

Да потсетиме, водачот на групата, Евгениј Пригожин, беше протеран во Белорусија откако во јуни беше запрен вооружениот бунт на неговите сили. Сепак, сѐ уште не е јасно дали тој сега е во Белорусија или Русија. Неговите борци добија опција да му се придружат, да се повлечат или да се приклучат на редовната руска армија.

Руските медиуми објавија слика од Пригожин во шатор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот