Белорускиот премиер ја прими руската вакцина против коронавирусот

Фото: МИА

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, ја прими руската вакцина против коронавирусот и се чувствува одлично, изјави неговата портпаролка Александра Исаева.

Таа рече дека Головченко ја примил вакцината во четвртокот, по разговорите со рускиот премиер и дека се чувствува одлично, пренесува ТАСС.

За време на состанокот со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рускиот премиер Михаил Мишустин објави дека Головченко одлучил да ја прими руската вакцина против коронавирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин и Лукашенко претходно се согласија Белорусија да биде една од првите земји каде ќе биде дистрибуирана вакцината „Спутник V”, што ја разви рускиот институт Гамалеја.

Покрај тоа, Белорусија ќе учествува во последната фаза на клинички испитувања на оваа вакцина, која на 11 август стана првата регистрирана вакцина од ваков вид во светот, иако ја нема минато финалната фаза од испитувањето, што ќе ја докаже ефикасноста и безбедноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот