Белорусија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Белорусија го прекинува учеството во Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ). За шефот на државата Александар Лукашенко е спорен, договорот кој некогаш беше темел на безбедноста на континентот.

Лукашенко пред Парламентот, во кој неговата партија има мнозинство, претстави нацрт-закон за суспензија од договорот, пренесува МИА.

Договорот, потпишан во 1990 година, поставува ограничувања за тенкови, борбени возила, воени авиони и тешка артилерија што можат да бидат распоредени во Европа.

Договорот беше насочен кон одржување воена рамнотежа меѓу Западот и земјите кои некогаш беа дел од Варшавскиот пакт. Сепак, Русија целосно се повлече од договорот во 2023 година, а членките на НАТО одговорија така што и тие го суспендираа нивното учество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот