Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите

Франција ковид сертификати/ Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба.

Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет.

Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци.

Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места.

Коалицискиот владин партнер сепак оцени дека сертификатот треба да продолжи да важи за патување во странство и доаѓање од странство. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот