Белата куќа информира дека заканите на Иран за напад врз Израел се реални

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Ударот на Иран врз Израел е „вистинска и веродостојна“ закана, соопштува Белата куќа, додека се зголемуваат стравувањата од непосреден напад од Техеран, пишува Би-би-си. 

Големи се тензиите поради можноста Иран да се одмазди за воздушниот напад во кој загинаа високи ирански команданти пред речиси две недели.

Американските власти информираат дека голем напад врз Израел би можел да се случи веднаш.

Израел изјави дека е подготвен „одбранбено и офанзивно“.

Во петокот групата Хезболах соопшти дека лансирала десетици ракети од Либан кон Израел. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека биле истрелани околу 40 проектили и два експлозивни беспилотни летала. Нема информации за жртви и нема индиции за вмешаност од други актери.
Претседателот Џо Бајден веќе му вети на Израел „железна“ поддршка на неговата земја во случај на ирански напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот