Бела Хадид закопчана до врат, но сепак успеа да ја „запали“ јавноста! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Славната манекенка Бела Хадид, неодамна беше прогласена за најубава жена на светот. Научници кои што се воделе по теоријата на златниот пресек, ги анализираа дури и најмалите детали од нејзиното лице, како големината и положбата на устата, носот, брадата, јаболчниците и вилицата, па дојдоа до заклучок дека таа всушност има совршени пропорции. Така таа успеа позади себе да остави бројни други познати убавици.

Но, покрај тронот на убавината, Бела од неодамна се наоѓа и на модниот трон, а својот статус на модна икона одново и одново го потврдува.

Instagram

Еден поглед кон нејзиниот стајлинг и тоа веднаш ќе ви открие кое модно парче ќе се носи во наредната сезона. Така неодамна прошета со кожна јакна која сега сите ја сакаат, а на нејзините обожаватели не им побегнаа ни гломазните чизми кои таа обожава да ги носи. Исто така, таа редовно се наоѓа на листата за најдобро облечени дами, што не е ни чудо бидејќи нејзиниот стил го карактеризираат смелоста и предизвикот.

Токму таково храбро и предизвикувачко модно парче, подигна прашина помеѓу нејзините обожаватели.

Всушност, Хадид овој пат одлучи да се закопча до грло, па облече наизглед досаден комбинизон со ролка, но доколку погледнете повнимателно, ќе сфатите дека станува збор за поприлично самоуверен избор. Освен тоа што црниот тесен комбинизон со потпис на Александар Венг ја истакнува витката фигура на овој супермодел, тој е украсен со впечатливи бисери на необични места, па асоцира на пирсинг на брадавиците и папакот.

Instagram

Својот изглед го надополни со ретро фризура и обетки кои висат, така што уште еднаш потврди дека модата ја „врти“ на мал прст.

За да ја нагласи сензуалноста на ова парче, Бела позираше мудро за социјалните мрежи што ја „заскокотка“ имагинацијата на фановите и заработи бројни комплименти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот