фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Беќири: Убава победа за Шкендија – ќе го дадеме максимумот и на реваншот во Разград

Македонскиот шампион Шкендија направи важен чекор кон групната фаза на УЕФА Лига Европа со триумф над бугарскиот првак Лудогорец.

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, фудбалерите на Шкендија со 2:1 славеа против бугарскиот Лудогорец од Разград.

– Видовме еден убав натпревар и една убава победа за Шкендија. Тоа беше постигнато со позитивна игра од моите фудбалери. Секако, грешките постојат во фудбалот, ние направивме некои грешки во делот на одбраната, а со оглед на тоа против каков тим игравме на теренот, грешките и невниманието се казнуваат. Екипата на Лудогорец е сè уште фаворит во овој двомеч, но наше е да се обидеме да го дадеме својот максимум и во реваншот и да ги исполниме нашите обврски, да го почитуваме дресот, да прикажеме убава игра и зошто да не се квалификуваме за Лига Европа – рече тренерот на Шкендија, Бесарт Ибраими.

Реваншот во Разград е закажан за следниот четврток на 28 август со почеток од 19.30 часот, а Шкендија ќе се обиде да го повтори успехот на Вардар од 2017 година и да обезбеди место во групната фаза на Лига Европа.

Потсетување дека победникот од овој двомеч ќе игра во лигашката фаза на Лига Европа, а поразениот во Конференциската лига.

ФОТО+ВИДЕО: Бугарскиот шампион падна во Скопје, Шкендија чекори кон Лига Европа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот