фото: kfshkendija.com

Беќири: Ако сме на највисоко ниво и ги искористиме шансите, зошто да не се пласираме во Лига Европа

В четврток од 19.30 часот во Разград, Бугарија, ќе се игра реваншот од плејофот во Лигата на Европа помеѓу Лудогорец и Шкендија. Актуелните македонски шампиони ќе се обидат да испишат уште поголем успех со пласман во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Тетовските „црвено-црни“ имаат минимална предност од првиот натпревар во Скопје кога триумфираа со резултат 2:1. Своите очекувања на прес-конференција пред утрешниот дуел ги сподели тренерот на Шкендија, Јетон Беќири:

– За време на еден натпревар има долга историја, не можете постојано да бидете офанзивни или дефанзивни. Минутите од натпреварот мора да се управуваат. Мислам дека во посебни моменти ќе бидеме офанзивни, бидејќи немаме висок резултат. Затоа ќе се обидеме да го одиграме нашиот најдобар натпревар, да го дадеме нашиот максимум, да бидеме многу дисциплинирани во дефанзивниот аспект. Ќе се обидеме да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат бидејќи знаеме дека имаме работа со квалитетен противник, противник кој може да нè казни во секој момент ако не сте 100% фокусирани – изјави Беќири.

Руи Мота: Се надевам дека резултатот од првиот меч со Шкендија е само случајност

Шкендија има сигурно учество во Конференциската лига, но тоа може да се промени в четврток:

– Како што знаете, обезбедивме учество во Конференциската лига, но даваме максимум со ситуацијата што ни е дадена и со првиот натпревар што го добивме во Скопје, ако сме на најдобро ниво и ги искористиме шансите, зошто да не се квалификуваме и за Лигата на Европа. Сепак, почитувајќи го противникот максимално, давајќи го нашиот максимум и не создавајќи никаква еуфорија бидејќи уживаме во добри моменти во однос на фудбалот во Македонија и конкретно нашиот тим. Во овој момент немаме речиси ништо да изгубиме бидејќи постигнавме нешто. Но, мора да бидеме гладни, мора да веруваме и со давање на нашиот максимум се надевам дека ќе постигнеме пласман понатаму што би било нешто извонредно за нас – вели Беќири.

Шкендија ја препушта фаворитската улога на Лудогорец, но според тренерот на Шкендија, фудбалот е прекрасен, бидејќи фаворитот не секогаш победува на теренот.

Безбедносни и организациски мерки пред реваншот Лудогорец – Шкендија

– Секоја вечер гледаме тимови кои се квалификуваат и победуваат против противници со многу поголеми буџети и со многу поквалитетни фудбалери. Живееме во ера кога растојанијата се помали, нема многу големи разлики меѓу тимовите, и покрај фактот дека се работи за противник кој е исклучително добро организиран, со големо искуство во европските купови и за нас е задоволство да се соочуваме со противници од ова ниво. Целиот наш тим е подготвен. Имаме неколку играчи со мали проблеми, но за тие играчи ќе одлучиме пред почетокот на натпреварот. Нормално верувам дека секој играч е подготвен да го даде својот максимум. Единствениот играч кој не е со нас и кој нема право на игра е Атде Мазари. Сите други играчи се во комбинација и дури пред натпреварот ќе одлучиме за првите 11 и кои други играчи ќе ни помогнат од клупата. Но, важно е што како тим сме многу мотивирани, секој играч е важен за Шкендија, особено покажавме дека оние кои влегуваат од клупата, во посебни моменти се уште поважни од оние во првата формација – рече Беќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот