Базар во ГТЦ (ГАЛЕРИЈА)

Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, како носител и организацијата „Отворена врата“ од Косово, започнаа со имплементација на Cross-border проект – „Вмрежување за успех“. Периодот за имплементација на проектот е 20 месеци, почнувајќи од јануари 2018 година.

Со таа цел денеска беше одржан базар во ГТЦ-Скопје.

Целта на овој проект е поттикнување на родова рамнотежа и ниво на младинско општество преку вклучување на жените и младите во претставување на културни, традиционални и национални вредности на Косово и Македонија.

Специфични цели на проектот се олеснување на трговската соработка преку промоција на традиционални, културни и национални ракотворби, како и генерирање на можности за самовработување преку зачувување и промоција на традиционални ракотворби.

Преку имплементација на активности кои што ќе промовираат родова еднаквост, истовремено ќе се промовира културното и природното наследство преку комерцијализација на традиционални ракотворби (везење, ткаење), занаетчиство, рурален туризам и традиционално кулинарство.

Активностите на проектот ќе се спроведуваат во општина Куманово и општина Гњилане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот