Батлер ги откри валканите тајни од вилата „Плејбој“: Анџелина Џоли сакаше да ја исплескам по задникот

Хју Хефнер/ Анџелина Џоли/ Доналд Трамп/Фото: Профимедиа/ Инстаграм/EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Поранешниот батлер на Хју Хефнер, Брајант Хоровиц, откри детали од развратните забави што се одржувале во вилата „Плејбој“.

Брајант му бил батлер на Хју Хефнер од 1997 до 2016 година, сè до смртта на славниот сопственик на „Плејбој“, кој почина во 2017 година на 91-годишна возраст. Брајант разговарал со своите пријателки од вилата „Плејбој“, Бриџит Маркарт и Холи Медисон за лудите забави на Хефнер.

Тој се присетил како Хефнер отсекогаш сакал Анџелина Џоли да позира за „Плејбој“ и открил дека актерката имала необично барање на една од забавите.

Анџелина Џоли

Анџелина Џоли
Фото: Анџелина Џоли на премиерата на „Eternals“ / Извор: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

 

„На една од тие први забави, пред да дојдат девојките, таму беше и една релативно непозната актерка по име Анџелина Џоли. Тоа беше пред да стане голема ѕвезда. Пред Бред Пит и слични работи“, започнал тој.

„Беше некаде по полноќ… И во бањата имаше една девојка со еден куп други луѓе. Тропнав на вратата да прашам дали да ја испразнам корпата за отпадоци, а девојката која тогаш не ја препознав, рече: „Не, но треба да сакам да ме исплескаш по задникот“.

„Ова беше во текот на моите први години таму и не го направив тоа… Никогаш не би ми било удобно да го направам тоа никому. Одбив, но веројатно тоа беше најчудното нешто што ми се случи“, се сеќава тој, а потоа открил што му се случило на познатиот рапер во вилата на „Плејбој“.

Снуп Дог

снуп дог
Снуп Дог / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

„Го видов Снуп Дог како падна по задните скали во пералната бидејќи премногу се „среди“. Се наоѓаше во задниот дел од кујната, а потоа одеднаш изгуби рамнотежа и падна по скалите во пералната. Тој беше толку „среден“ што веднаш скокна на нозе и рече: „Добро сум.“ Кога Снуп Дог не може да ги поднесе своите глупости, тогаш знаеш дека е навистина чуден ден“, објаснил тој.

Доналд Трамп

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Батлерот се потсетил и на средбата со поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Беше 4 јули. Секогаш на тој ден имаше огномет и забава покрај базен, а еден од првите гости што пристигна тој ден беше извесен Доналд Џеј Трамп“, објаснил батлерот, откривајќи како Трамп направил грешка кога се појавил со капетанска капа каква што често носеше Хефнер и во костум.

„Не се сетил да донесе костим за капење, а бидејќи сите беа зафатени околу забавата, никој не можеше да му донесе костим за капење. Немав намера да потрошам многу време на тоа. Во тоа време не бев обожавател на Доналд Трамп и што направив? Отидов во евтин супермаркет и ги купив најевтините гаќи за капење што можев да ги најдам. Не чинеа ниту 10 долари“, се сеќава тој и додава дека е сигурен дека Трамп ги носел, но не знае дали со нив влегол во базенот.

ФОТО | Анџелина Џоли направи мистериозни тетоважи на средните прсти, фановите мислат дека се за Бред Пит

Топ пет најскандалозни разводи на познатите личности

Исповед на Холи Медисон, поранешна зајачица на „Плејбој“: Му бевме бели робинки на Хју Хефнер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот