Барса го има новиот „Бускетс“: Откупна клаузула од 100 милиони евра! – Слободен печат
СпортФудбал

Барса го има новиот „Бускетс“: Откупна клаузула од 100 милиони евра!

После само две сезони во дресот на Гронинген, Лудовит Реис (18) ја засили Барселона во трансфер вреден 3,25 милиони евра.

Каталонскиот гинат го промовираше најновото засилување Реис чија клаузула со бонус би можела да порасне и до осум милиони евра.

Договорот со играчот од средниот ред е потпишан на три сезони со опција за продолжување на соработката на уште две години.

Шпанските и холандските медиуми го дефинираат како новиот „Серхио Бускетс“, интересно е тоа што Барселона веднаш во неговиот договор објави клаузула од 100 милиони евра што доволно зборува за неговиот огромен потенцијал.

Неговите родители се од Словачка, но е роден во Холандија каде што имаше добри перформанси, со 50 мечеви за Гронинген и постигнати два гола.

Барса претходно го договорила и трансферот на Френки де Јонг, а наскоро се очекува да пристигне и неговиот сонародник Матеијс де Лихт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close