Барние со предупредување за Лондон: Преговорите за Брегзит завршуваат до среда

Мишел Барние/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, постави нов краен рок за договор со Лондон. Тој предупреди дека преговорите со Велика Британија за трговски договор нема да продолжат по среда, објави Гардијан.

Барние ги информираше европратениците и амбасадорите на земјите-членки во Брисел за ситуацијата околу тековните разговори со Лондон. Францускиот дипломат истакна дека разговорите не се далеку од завршување. Според него, разговорите се очекува да продолжат до средината на неделава, но не и после тоа.

И на двете страни им треба време да ратификуваат договор. Од друга страна, од Даунинг стрит соопштија дека гласањето за новиот закон, кој го прекршува договорот за напуштање на Унијата, ќе се одржи во среда. Брисел смета дека гласањето е пресвртна точка.

Висок дипломат на ЕУ коментира дека сè уште не е познато каков ќе биде крајниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот