Баравме да ни ги одложат платите за да го вратат Нејмар!

twitter.com/BarcaTimes

Интересно е тоа што Нејмар и покрај огромните пари кои ги заработува, сака да го напушти најдобриот клуб во „Лига 1“.

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике откри дека соиграчите и тој барале до првиот човек на клубот, Жозеп Бартомеу, да го вратат Нејмар од ПСЖ во нивните редови, па дури да им ги намалат платите.

– Во летото му рековме на Бартомеу да направи модел кој би подразбирал промена на нашите договори со цел да се прилагодиме на барањата за Финансиски фер-плеј. Значи, доколку може зарботката од една година да се префрли на наредната или после таа. Прифативме дури и да ни одложат нашите плати, бидејќи толку многу посакувавме Нејмар да се врати во екипата – вели Пике.

Претходно беше објавено дека поранешниот бразилски репрезентативец Ривалдо побара од неговиот сонародник доколку сака да биде најдобар фудбалер на светот, подобро ќе биде да го напушти францускиот шампион.

– Го предупредивме што го чека во Париз и тоа дека самина во „златен кафез“. Што се однесува до враќање во Барселона, секогаш нашите врати му се отворени – додаде Пике.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот