Барањата за азил во ЕУ на најниско ниво во април по повеќе од една деценија

Апликациите за азил во Европа паднаа на најниско ниво во април по повеќе од една деценија, бидејќи границите беа затворени за да се спречи ширењето на коронавирусот, покажуваат бројките на Европската унија.

Бројот на барања за азил се намали на 8.730 во текот на април, што претставува пад од 86 отсто од 61.421 во февруари, според податоците добиени од Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО). ЕУ ги затвори своите надворешни граници во март и многу од нејзините 27 земји-членки ја прекинаа регистрацијата на апликации.

Бројките на ЕАСО, исто така, покажуваат пад на апликациите за азил од 44 отсто од февруари до март, кога државите започнаа да воведуваат вонредни мерки. Најмногу апликанти во текот на 2020 година до април беа Сиријци, а по нив следат Авганистанци, Венецуели и Колумбијци, покажуваат податоците на ЕАСО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот