Балашевиќ со потресни зборови ѝ се обрати на Северина поради украдената песна (ВИДЕО)

Facebook

Борбата за старателство на хрватската пејачка Северина над петгодишниот син Александар се прошири и на борба за музички и авторски права.

Северина на својот фејсбук-профил ја започна акцијата „И јас сум мајка“, на која ја објави својата обработка на песната „Приспивна за момчето“ на кантавторот Џорџе Балашевиќ, но претходно не побарала дозвола од него.

Поради тоа, Балашевиќ се огласи преку Фејсбукот на својата ќерка Јелена Беба Балашевиќ со подолго писмо. Еве што ѝ напиша меѓу другото.

„Таа песна е лична. И немојте да ми зборувате дека сите се лични. Едно е ако некој украде батак од масата од „Ал се некад добро јело“ или ако ѕирне во картите на „Божа звани Пуб“, а друго е кога за еднократна употреба ќе украде стих од залулана колевка.

Таа песна е лична, како што реков, нешто како мал сребрен чешел кој се провлекува низ сечија коса…

Едвај ја испеав на пробата во Виена, во деведесеттите, просто застанав кога требаше да изговорам „лавче мое“ и цела минута не можев да се мрднам ниту да проговорам еден збор. Бебето тогаш беше тешко повредено во несреќа, војската на два дена ме пушти преку граница, го измисливме тој „антивоен концерт“ само да извлечеме потврда и да го видам семејството што не сум го видел повеќе од еден месец.“, напиша Балашевиќ.

„Алекса се роди во деведесеттите. Старата семејна куќа се уриваше тоа лето и Оља со него и со нашите две девојчиња преку ноќ мораа да побегнат од под покривот кој протекуваше од сите страни. Во темелите на тој Скадар ја вградив „Приспивната за момчето“. За мојата единствена љубов, наместо букет рози. За нејзе и за малиот Алекса. И за Лола и Беба. За трите наши лавчиња…“, се присети Балашевиќ на настанувањето на песната.

„Медиумите се толку затрупани со сензации и скандали, што веќе некое време сум приморан да ги следам границите до кои луѓето можат да се издигнат, а не и под оние кои можат да се спуштат.
На крајот на краиштата Судот е тука за да одлучи за некои авторски права, плагијати или старателство. И да нема забуни, иако сум, според некои извори по многу што Закон, веќе одамна ми е јасно дека ни случано не сум Суд… За жал…“, напиша Балашевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот