Бајден: Силно го поддржувам одобрувањето на членството на Северна Македонија во НАТО

Џо Бајден

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден денеска на Твитер изрази силна поддршка за интегрирањето на Северна Македонија во НАТО, откако завчера Сенатот го ратификуваше Протоколот за членство во Алијансата.

– Силно го поддржувам одобрувањето на членството на Северна Македонија во НАТО од Сенатот. Земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа во целина, слободни и во мир и ние треба да ги поддржуваме евроатлантските интеграции во целиот регион, напиша Бајден на својот Твитер налог.

Бајден е еден од кандидатите за американски претседател од Демократската партија.

Тој неодамна изјави дека доколку Доналд Трамп биде реизбран на изборите следната година, НАТО ќе престане да постои.

– Доколку тој (Трамп) повторно биде избран, ви ветувам дека нема да има НАТО… Ќе имаме вистински проблеми, рече Бајден за време на дебатата меѓу демократските кандидати за иден американски претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот