Бајден потпиша указ со кој се наложува подетална проверка за купување на оружје

оружје купување сад
Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша указ со кој се наложуваат посеопфатни проверки на луѓето кои сакаат да купат оружје, како и побезбедно складирање на огненото оружје.

Со претседателскиот декрет се обврзуваат американските служби за спроведување на редот и законот да обезбедат максимално спроведување на законите за контрола на вооружувањето кои минатото лето ги поддржаа двете партии во американскиот Конгрес.

На 1 јануари годинава, по новогодишната прослава, вооружен напаѓач упадна во сала за танцување во населба во близина на Лос Анџелес и застрела 20 луѓе, од кои 11 починаа.

Инсертите што се појавија на социјалните мрежи по масакрот покажуваа дека полицијата и противпожарните екипи се упатуваат кон авенијата Гарвеј за да ги згрижат повредените.

Паркот Монтереј има население од околу 60.000 жители, од кои повеќето се со азиско потекло.

ВИДЕО| Деветмина убиени во пукотница во Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот