Бајден по уривањето на мостот во Балтимор: Потрагата и спасувањето е главен приоритет

epa09122821 US President Joe Biden delivers remarks on gun violence prevention in the Rose Garden of the White House in Washington , DC, USA, on 08 April 2021. EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден  се огласи по уривањето на мостот во Балтимор. Тој потврди дека акцијата за спасување и пребарување продолжува.

„Потрагата и спасувањето е главен приоритет. Ќе работиме со нашите партнери во Конгресот за да се погрижиме државата да ја добие потребната поддршка. Не заминуваме додека не се заврши оваа работа“, рече Бајден.

Бајден  најави дека што е можно поскоро ќе го посети Балтимор и додаде дека преку мостот секој ден поминуваат 30.000 возила и дека тој е „еден од најважните елементи за економијата на североистокот.

Официјални лица објавија дека се трага по шестмина луѓе по денешното уривање на мост во Балтимор, во кој претходно удри голем товарен брод. Двајца луѓе се извлечени од реката Патапско, од кои еден е во болница.

Се верува дека сите тие биле дел од екипата градежници која поправала дупки на мостот во моментот кога се урнал.

Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, изјави дека операторите на 300 метри долгиот брод „Дали“ испратиле повик за помош, но не можеле да избегнат судир со мостот зашто се движеле со преголема брзина. Бродот наводно имал проблеми со погонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот