Бајден избра нов министер за одбрана: Генералот кој служеше во Ирак ќе биде првиот Афроамериканец на чело на Пентагон

Фото: EPA-EFE/STAN GILLILAND

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден ќе го именува пензионираниот генерал на војската, Лојд Џеј Остин за иден министер за одбрана.

Остин, кој ги надгледуваше американските сили во Блискиот исток во мандатот на претседателот Барак Обама, исто така ќе стане и првиот Афроамериканец на чело на Пентагон. Изборот на Бајден го потврдиле лица кои побарале да останат анонимни до официјалната најава.

Остин ќе треба да добие дозвола од Конгресот бидејќи поминаа помалку од потребните седум години откако служел во војска.

Остин во Ирак ја предводел 3-тата пешадиска дивизија за време на инвазијата во 2003 година. Тој се врати во Ирак на чело на американските сили во септември 2010 година и таа должност ја вршеше до 2011 година, кога САД се повлекоа.

Една година подоцна, Обама го именуваше за командант на Централната команда, задолжена за 20 земји во Блискиот исток и централна Азија.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот