Бајден и одобри на Украина одбранбена помош од 200 милиони долари

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска одобри помош во оружје и други одбранбени средства во вредност од 200 милиони долари, соопшти Белата куќа.

Со ова одлука, вкупната американска безбедносна помош за Украина во текот на мината година изнесува 1,2 милијарди долари, изјави неименуван претставник на американската администрација.

Средствата може да се користат за оружје и други одбранбени средства од резервите на американското Министерство за одбрана, како и за воено образование и обука за помош на Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот