Азербејџан соопшти дека Ерменија извршила артилериско гранатирање во областа Агдам

Азербејџанското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ерменската страна извршила артилериско гранатирање на населените заедници во областа Агдам, која се граничи со спорниот регион Нагорно-Карабах.

“Во овој момент, ерменската страна изведува концентриран артилериски оган врз селото Агдам. Меѓу цивилите има повредени и жртви”, се наведува во соопштението на Министерството и се додава дека ќе се преземат соодветни мерки.

Судирите во регионот Нагорно Карабах траат веќе шест дена меѓу ерменските и азербејџанските армии, а потврдени се и жртви на цивили од двете страни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот