Австрија се тресе од коронавирусот: Бројот на заболени расте, на удар се Виена и Долна Австрија

Фото: Принтскрин

Поради сомнение за инфекции кај учениците, односно наставниците, во Виена привремено се затворени и некои училишта, меѓу кои и едно меѓународно – Француското училиште, кое соопшти дека ќе биде затворено до 20 март, откако еден ученик бил тестиран позитивен на коронавирус.

Бројот на луѓе инфицирани од коронавирусот во Австрија, иако умерено расте, денеска до пладне достигна до 55 докажани случаи.

Повеќето заболени се регистрирани во Виена и во Долна Австрија, со 23 односно 15 лица кои се позитивно тестирани на САРС-КОВ-2.

Поради сомнение за инфекции кај учениците, односно наставниците, во Виена привремено се затворени и некои училишта, меѓу кои и едно меѓународно – Француското училиште, кое соопшти дека ќе биде затворено до 20 март, откако еден ученик бил тестиран позитивен на коронавирус.

Од девет австриски покраини, единствено во Бугенланд (Градишче) сега за сега нема ниту еден инфициран од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот