Австрија : Празни полиците во супермаркетите, нема зејтин, путер..

Фото : Фејсбук - Извор/Анадолија

Во супермаркетите ширум Австрија граѓаните наоѓаат се повеќе празни полици. Некои супермаркети изгледаат речиси празни, речиси сите производи недостасуваат на полиците, особено е тешко да се најде сончогледово масло, но постои и закана од недостиг на путер.

Ваква е состојбата во големите трговски синџири, дисконтите, но и во помалите продавници.

 

Војната во Украина предизвика криза која сериозно влијаеше на испораките до австриските продавници. Недостигот од многу производи е предизвикан од проблем во синџирот на снабдување, односно немањето испораки, јави „Танјуг“.

 

Исто така, состојбата дополнително ја влошува и тоа што дел од граѓаните купуваат на големо. Причината за недостигот на нафта е тоа што три четвртини од сончогледовото масло во светот доаѓа од Русија и Украина.

Слично како и во Австрија и Германија трпи сериозни последици од војната во Украина кога станува збор за снабдување со основни прехранбени производи, пренесува агенцијата Анадолија. Полиците во маркетите со сончогледово масло и брашно се уште се празни, а цената на маслото за готвење од 1,5 евро за литар поскапе три пати, па сега е околу пет евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот