Австралија Опен: 114. тенисер на светот ќе игра во полуфинале
Рускиот тенисер Аслан Карацев, кој е 114. тенисер на АТП ранг листата обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен и тоа во својот прв настап на еден грен слем турнир. Квалификантот во полуфиналето се пласира откако го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2:6,6:4,6:1,6:2 и за пласман во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Новак Ѓоковиќ-Александр Зверев.
Почетокот на мечот не навестуваше ваков епилог, Карацев успеа да направи брејк за 2:1 во гемови, но потоа застана по што Димитров ја презеде контролата на теренот. Одличните сервиси и уште подобрите ретерни му донесоа серија од пет гема по ред со кои го освои првиот сет.
The magical run continues to the final 4⃣ for @AsKaratsev ??#AusOpen | #AO2021 pic.twitter.com/He3FRsFyMt
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 16, 2021
Од вториот сет Карацев почна да игра далеку подобро, во петтиот гем успеа да направи брејк, но веднаш го загуби наредниот сервис. Сепак, одличната игра на Русинот му донесе нов брејк во деветтиот гем за 5:4 и потоа со сигурен сервис успеа да израмни на 1:1 во сетови.
Од третиот сет, Димитров почна да се жали на болки во грбот и тоа го искористи неговиот противник кои освои дури шест гема во серија и поведе со 2:1 во сетови.
Повредениот Димитров, не успеа да пружи посериозен отпор и во четвриот сет иако се обидуваше да ги скрати поените, но Карацев играше фантастично и на крајот успеа да слави и да обезбеди пласман во полуфиналето.
Во женска конкуренција, третата носителка Наоми Осака без многу мака со 6:2,6:2 ја елиминира Су-Веи Хсиех од Тајван и се пласира во полуфиналето.