Австралија ја одобри вакцината на Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години

Фајзер/ Фото: EPA

Австралиското регулаторно тело за здравство денес одобри употреба на вакцината Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години, изјави министерот за здравство Грег Хант, објави Ројтерс.

Здравственото регулаторно тело детално ја разгледа документацијата собрана од домашни и меѓународни извори, пред да одобри вакцинирање на деца, додаде Хант.

Слични одобренија за употреба на вакцината кај деца беа одобрени пред неколку недели во САД, ЕУ и Велика Британија. Претходно, вакцинацијата против Фајзер беше можна само за лица над 16 години.

Австралискиот панел за вакцинација ќе даде совет за тоа која група деца ќе биде приоритет кога ќе дојде нивниот ред, додаде Хант.

Премиерот Скот Морисон се извини во четвртокот за бавната вакцинација, а владата бара начини да се забрза имунизацијата на населението, бидејќи досега се превакцинирани околу 15% од возрасните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот