Атина продолжи да се тресе, регистрирани нови 49 земјотреси – Слободен печат
ВестиРегион

Атина продолжи да се тресе, регистрирани нови 49 земјотреси

По вчерашниот силен земјотрес од 5,1 степен според Рихтеровата скала, регистрирани многу помали земјотреси.

До осум часот утрово по вчерашниот силен земјотрес од 5,1 степен според Рихтеровата скала, северозападно од Атина биле регистрирани 49 последователни потреси од кои еден над четири степени, два над три, а останатите 46 под три степени според Рихтер.

Грчките сеизмолози, оваа активност, говорејќи за медиумите ја коментираат како нормална и очекувана и веројатно земјотресот од 5,1 степен беше и главниот.

Министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис вели дека државниот механизам ќе остане во состојба на готовност и во текот на викендот, додека, пак, од денеска се очекува да започне регистрацијата на штетите.

Во вчерашниот земјотрес се урнаа два стари и ненаселени објекта во две атински населби, а претрпеа штета фасадите на домови и згради во различни делови на Атина. Во неколку населби во Атина, противпожарната служба на Грција добила повици од граѓани кои биле заглавени во лифтови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close