Видео: Атика и годинава во пламен, пожарот е вон контрола

пожар атика грција
пожар во атика грција

И оваа година грчкиот полуостров Атика е зафатен од голем пожар кој избувна денеска во областа Куварас, соопшти Бригадата за противпожарна заштита.

Пожарот почнал да се шири околу пладне, а зафаетна е ниската вегетација. Во моментов жителите и стамбените објекти не се загрозени иако постои опасност поради силниот ветер, пренесува „Екатимерини“.
Како мерка на претпазливост беше издаден итен аларм, но засега нема извештаи за евакуација.

За гаснење на пожарот ангажирани се копнени и воздушни сили. Со огнетета стихија се’ уште се борат 30 пожарникари со 14 возила, поддржани од два авиона и хеликоптер кои постојано фрлаат вода.

Во 2018 година во катастрофалните пожари што ја зафатија Атика загинаа повеќе од 70 луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот