Атанасов: Мора да бидеме агресивни против Грузија во Тбилиси

Јани Атанасов, фудбалскиот репрезентативец на Македонија/фото: ффм

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварите против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември) од групата „3“ во Лига на нации.

Репрезентативецот Јани Атанасов вели дека фудбалерите кои ќе добијат шанса за настап, треба да се потрудат да ги исполнат замислите на селекторот.

Фудбалерот на хрватскиот клуб Хајдук смета дека треба да бидеме доволно агресивни со желба за три бода.

– Се надеваме дека во Грузија ќе покажеме агресивност и желба за три бода. Ние сме млада репрезентација, желни сме за успех и се надевам дека тоа ќе го покажеме на теренот – вели Атанасов.

Неговиот репрезентативен колега Бојан Миовски вели дека на возвратниот дуел со Грузијците нападот мора да биде поефикасен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот