Астрономите ја открија најблиската црна дупка до Земјата

Фото; Принтскрин/Јутјуб/International Gemini Observatory/NOIRLab/NSF/AURA

Астрономите ја открија најблиската позната црна дупка до Земјата, оддалечена само 1.600 светлосни години.

Научниците во петокот објавија дека оваа црна дупка е 10 пати помасивна од нашето Сонце и е три пати поблиска до нас од претходно познатите црни дупки.

Црната дупка е идентификувана со набљудување на движењето на нејзината придружна ѕвезда, која кружи околу црната дупка на приближно исто растојание како што Земјата кружи околу Сонцето.

Црната дупка првично беше идентификувана од вселенското летало Гаја на Европската вселенска агенција, рекол Карим Ел-Бадри од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.

Ел-Бадри и неговиот тим се обратиле до Меѓународната опсерваторија Џемини на Хаваи за да ги потврдат своите наоди, кои беа објавени во списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.

Истражувачите не се сигурни како системот се формирал на Млечниот пат. Црната дупка го добила името Гаја БХ1 и се наоѓа во соѕвездието Офијукус (Ophiuchus).

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот