Асоцијацијата на архитекти: Од Град Скопје не информираа дека нема пари за реновирање, предложивме нова Универзална сала на нова локација

Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија се огласија на социјалната мрежа „Фејсбук“ откако одекна веста дека Град Скопје планира да ја руши познатата Универзална сала.

-Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облики појавност. Од страна на Град Скопје бевме информирани дека средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект на Универзална сала нема. Добиените информации беа дека Град Скопје има утврдено дека Скопје има потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма, велат од Асоцијација на архитекти на Македонија и додаваат дека поради тоа, од нивна страна била предложена нова Универзална сала на нова локација во близина на СЦ „Борис Трајковски“.

Од Асоцијацијата на архитекти нагласуваат дека Универзалната сала веќе 5 години е во многу лоша состојба и иако се наоѓа на значаен јавен простор во центарот на градот, не се користат ресурсите на местото.

-Од причина што бевме информирани дека Градот нема средства за реконструкција на Универзална сала, предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање, информираат од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Одлуката да биде срушена познатата Универзална сала предизвика лавина на реакции во скопската јавност, а од Град Скопје информираа дека таквата одлука се заснова на предлог кој го добиле токму од архитектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот