Арсовска повторно не дојде да одговара на советнички прашања, па седницата не се одржа

Данела Арсовска прес/ Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Уште една седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања заврши само што беше отворена, а причината е повторно е иста, градоначалничката Данела Арсовска не дојде на седница и избра да не се соочи со прашањата кои во име на граѓаните требаше да и ги постават советниците. На тој начин скопјани повторно останаа без објаснувања на различни битни проблеми за градот, а ги добиваат само оние информации кои Арсовска сака да ги пласира во јавноста преку социјалните мрежи.

На самиот почекот на денешната седница советникот Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ побара да се обезбеди присуството на градоначалничката, а Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата посочи дека остануваат на својот претходно искажан став дека доколку Арсовска не се појави на седницата, тие ќе ја напуштат салата.

Претседателот на Советот, Трајко Славески, објасни дека и овој пат писмено и се обратил на градоначалничката со предлог датуми за одржување на седница наменета за советнички прашања, но дека одговор не добил.

Потоа, откако даде кратка пауза за да се обезбеди присуството на Арсовска во салата, а таа не се појави, тој посочи дека не се исполнети условите за одржување и ја затвори седницата.

На 27 декември, советниците треба да одржат редовна седница на која треба да се расправа за Буџетот на Град Скопје за 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот