фото: EPA-EFE/JUAN IGNACIO ROCORONI

Аргентина без Лионел Меси против Уругвај и Бразил

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони го објави списокот на играчи за претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил.

На списокот го нема фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси. Медиумите наведуваат дека причината е повреда на мускулот, но Аргентинците не ги открија причините за отсуството на 37-годишниот напаѓач.

Според пишувањата на медиумите, Меси се здоби со повреда во неделата при победата на неговиот Интер Мајами над Атланта јунајтед (2:1) во МЛС лигата.

Аргентина, актуелниот светски шампион, по 12 натпревари води во јужноамериканските квалификации со 25 бодови.

На 22 март (00.30 часот) Аргентина ќе му гостува на Уругвај, а на 26 март со почеток од 01.00 часот по македонско време ќе го пречека Бразил во Буенос Аирес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот