Ардерн до Трамп: Кога станува збор за справување со Ковид-19 меѓу САД и Нов Зеланд нема споредба

Реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека неодамнешното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во Нов Зеланд е „ужасно”, премиерката на таа земја, Џасинда Ардерн, изјави дека кога станува збор за бројот на новозаразени, нема простор за споредби меѓу Нов Зеланд и САД.

– Мислам дека нема простор за какви било споредби помеѓу тековниот број нови инфекции на Нов Зеланд и десетици илјади нови случаи што се регистрираат секојдневно во САД – рече Ардерн.

Таа истакна дека нејзината земја е во многу подобра позиција во однос на овој параметар во однос на повеќето други земји во светот.

Според Си Ен Ен, денеска во Нов Зеланд се регистрирани 13 нови случаи на коронавирус, и сите се резултат на локална трансмисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот