Апстинирањето од секс е лошо за здравјето

Ако во животот сте имале сексуални односи, а потоа сте прекинале, поподложни сте на разочарување и пад во депресија од лицата кои не го искусиле тоа. Но, во телото се случуваат и други промени кои всушност може да бидат проблеми.

Мускули

Не е вистина дека вагиналните мускули се „стеснуваат“ доколку некое време немате сексуални односи. Но, мускулите забораваат како да се опуштат при следниот однос па затоа тој може да биде малку болен и оттаму доаѓа тој мит за „стеснување“ на вагината.

 Рак на простатата

Апстиненцијата ги зголемува изгледите за еректилна дисфункција кај мажите, а честите сексуални односи можат да ја намалат шансата за добивање рак на простатата.

Имунитет

Сексуалната активност позитивно влијае на имунитетот. Луѓето кои имаат чести сексуални односи се помалку болни и имаат помала склоност кон разни инфекции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот