
Апел за воздржување за рибарење до април во 2021 година: Реката Пена порибена со 100 килограми риба
Во Тетово денеска беше извршено порибување на реката Пена од претставници на здружението „Риболовец Вардар” од Брвеница, како концесионер на риболовна зона во тетовскиот регион. Во Пена беа пуштени 100 килограми риба.
Препорачано
– Денес организираме порибување на реката Пена и реката Вардар со 100 килограми риба, како дел од годишниот план на Здружението „Риболовец-Вардар“ од Брвеница. Има определено големина на рибата, така да денес одлучивме да порибиме кај Шарена џамија и со тоа да докажеме на нашите рибари дека се порибува и да бидат свесни дека не треба злоупотребат тоа, изјави Стојанчо Анѓеловски, претседател на Здужението.
Тој апелира до рибарите да не ја прекршуваат забраната на риболов до април во 2021 година со цел да опстане рибата која е пуштена во реката.
– Не смее да се лови до април месец за рибата да опстане. Во реката Пена има само пастрмка. Со години немам слушнато дека во Пена е извршено порибување, па затоа одлучивме да ја порибиме Пена, како и Вардар, рече Анѓелковски.
Здружението „Риболовец Вардар” ја има добиено концесијата на рибната зона од Требишница до дрвен мост на Радуша во 2019 година, во времетраење од шест години.