АНКЕТИТЕ ПОКАЖУВААТ: Убедлива победа за Џонсон на декемвриските избори во Велика Британија

Фото: ЕПА

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон, според истражувањата на „YouGov“ кои точно ги предвидоа резултатите на изборите во 2017 година, уверливо ќе победи на изборите на 12 декември.

Конзервативците би требало да освојат 359 мандати од 650, додека на изборите пред две години освоија 317 пратеници, покажуваат резултатите од анкетите за компанијата за истражување на јавното мислење „YouGov“.

Проекцијата за овогодинешните избори „сугерира дека конзервативците ќе освојат мнозинство“, рече Ентони Велс, еден од претставниците на оваа компанија.

Џонсон вети дека доколку победи на изборите, Брегзит ќе се случи на 31 јануари.

– Промената кон конзервативната партија е поголема во подрачјата кои гласаа за Брегзит во 2016 година, а мнозинството на проектирани нови победи се бележи на северот, односно во урбаниот Западен Мидландс, како и во поранешните рударски окрузи на Источен Мидландс – појаснува Велс.

Според истото истражување, лабуристичката партија добива 211 мандати, додека на минатите избори освоија 262.

Шкотската национална партија (СНП) ќе има 43, либерално-демократската партија 13, а партијата Брегзит нема да има ниту еден пратеник.

Обединетото Кралство е поделено на 650 изборни единици, а релативниот победник во изборната единица го освојува мандатот.

По минатите избори, конзервативците мораа да се потпрат на поддршката на Демократската унионистичка партија (ДУП) бидејќи самите тие немаа мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот