Анкара со армија адвокати ќе го тужи Израел за „геноцид во Газа“

Шолц и Ердоган на Самитот на НАТО во Вилнус/ Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Турција заедно со повеќе од 2.000 адвокати ќе го тужи Израел за „геноцидот во Појасот Газа“, најави синоќа претседателот Реџеп Таип Ердоган, говорејќи на генералното собрание на Националниот студентски сојуз.

– Заедно со над 2.000 адвокати ќе поднесеме тужба до надлежните органи за геноцид. Ќе го следиме процесот, нема да го оставиме на половина пат. Цената ќе биде платена – изјави турскиот претседател.

Говорејќи за еднодневната посета на Германија, Ердоган оцени дека „целиот западен свет е крстоносна империјалистичка структура“.

– За жал, тоа го видов за време на мојата посета на Германија. Тоа го видов и во германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер – истакна Ердоган.

Тој раскажа дека го повикал Берлин да помогне да бидат ослободени „десетиците илјади заложници во Газа“, а Анкара ќе направи напори за ослободување на стотиците заложници на Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот