Ангелова: Оваа година има сериозно зголемување на платите на УКИМ

Билјана Ангелова - ректор на УКИМ/ Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Билјана Ангелова во интервју за Слободен печат истакна дека од оваа година стапува на сила Колективниот договор потпишан кон крајот на 2022 година.

„УКИМ склучи Колективен договор во декември 2022 година, кој стана официјален по неговото влегување во Службен весник, односно на почетокот на јануари 2023 година. Во тој период, како академска заедница бевме толерантни, кооперативни бидејќи Буџетот за 2023 година веќе беше донесен, се согласивме реализацијата да почне во јануари 2024 година, за да не би правеле притисок врз Буџетот за 2023 кој нели веќе беше донесен“ посочи таа.

Ангелова објасни колку платите се зголемени согласно новиот Колективен договор.

„Како проректор за финансии, активно учествував во пресметка на платите, согласно новиот договор кој требаше да стапи на сила во прв месец од 2024 година и веќе како избран ректор, на Сенатот објавив дека професорите и вработените на УКИМ ќе имаат повисоки плати согласно Колективниот договор и тие ќе бидат 50% бруто повисоки во однос на платите од 2022 година. Ова покачување навистина е значително, бидејќи првпат во историјата на факултетот, односно за првпат по 1988 година е прво вистинско покачување, се претходно било поради покачување на минималната плата или усогласување на плати со реалниот сектор и слично, односно имаше извесни покачувања, но тие беа симболични, односно по пет, по седум посто, но ова беше прво посериозно покачување на платите на вработените во УКИМ, а тоа предизвика и покачување на платите и на другите универзитети“ заклучи Ангелова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот