Ангелов: Достоинство ќе го преиспита учеството во владејачката коалиција доколку не се обештетат семејствата на бранителите

Стојанче Ангелов - директор на ЦУК / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Претседателот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов најавува излегување од владејачката коалиција доколку не биде прифатена иницијативата на партијата за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители, како и триесетина воени инвалиди од 2001 година.

-Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на Законот за бранители. СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските бранители од 2001-та преку носење на владина одлука. Затоа, на денешната прес-конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители, како и триесетина воени инвалиди од 2001 година. Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, напиша Ангелов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот