Ангелов до Пендаровски: Кога ќе стигнат на ред одликувањата за бранителите од 2001-та

Стево Пендаровски и Стојанче Ангелов фото фејсбук

Генералот Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил го потсети македонскиот претседател Стево Пендаровски за одликување на бранителите кои ја предводеа одбраната на Македонија во 2001-та година.

„Да потсетам и прашам до каде е иницијативата за одликување на тројцата наши, починати, армиски и полициски генерали, кои ја предводеа одбраната на Македонија во 2001-та, иницијатива поднесена од Достоинство во февруари оваа година?

Воедно, да најавам и прашам, кога на ред за одликување ќе стигнат живите македонски херои, бранителите од 2001-та кои храбро и пожртвувано ја бранеа татковината, се бореа за Македонија?

Почитуван претседателе, некои зли јазици, свесно или несвесно, плански или не, почнаа да шират невистини за нарушени односи меѓу нас. Верувам знаете вие, нека знаат и тие, мојата почит кон Вас постоела, постои и ќе постои, а мојата слобода јавно да искажам засега различен став од вашиот, за иницијатива која е од огромно значење за нас бранителите, зборува само за мојата верба во вашиот висок демократски капацитет и почитување на различното мислење.

Почитуван претседателе Пендаровски, очекувам брза средба со вас, да седнеме на раат, заедно да ја разгледаме нашата иницијатива. Овојпат ве барам во име на поголемиот дел македонски бранители, а не како директор на ЦУК. А мнозинството од нас бранителите, не бараме ништо друго освен едно обично благодарам од врховниот командант на вооружените сили на нашата татковина, Македонија. Татковина за која се боревме, татковина за која крваревме, татковина за која бевме подготвени да умреме“, напиша на својот фејсбук профил Стојанче Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот