Анџелина Џоли и Бред Пит на суд поради нивната компанија за вино

анџелина џоли бред пит вино
Анџелина Џоли и Бред Пит/Фото: EPA-EFE

Анџелина Џоли поднела петиција во Лос Анџелес со барање да се отстрани привремената наредба за забрана за користење на нивниот имот што постоела откако таа поднела барање за развод во 2016 година, според „E!News“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Whisky Exchange (@whiskyexchange)

Актерката наводно, сакала да се ослободи од „Nouvel LLC“, нејзината компанија за производство на вино која е поврзана со француското лозје што таа и Бред Пит го купиле во 2011 година, наречено „Chateau Miraval“. Таа, наводно,ја стекнала „Nouvel LLC“ пред нејзиниот брак во 2014 година со Пит.

Џоли, наводно, имала заинтересиран купувач за својот дел од бизнисот, поради што сакала да се укине замрзнувањето на нивните средства, објавил „TMZ“. Судијата допрва требало да донесе одлука, според „TMZ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by recebercomcharme (@recebercomcharme)

Анџелина поднела барање за развод од 57-годишниот актер на во септември 2016 година. Двојката, која дели шест деца, била законски прогласена за сингл во 2019 година, иако нивниот развод сè уште не е финализиран.

Пит го освои заедничкото старателство над нивните деца во мај. „Бред само се обидуваше да има повеќе време со своите деца, и јасно беше дека Енџи стори сè што е можно за да го спречи тоа“, рекол тогаш еден извор за „PageSix“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот