Андреја Јосифоски од Макпетрол на 45. место на регионалната листа на најбогати бизнисмени

Свое место на листата на најбогати луѓе во регионот што ја објавува српскиот „Недељник„ го има и Андреа Јосифовски од компанијата Макпетрол. Според листата, тој е на 45 место по богатство во регионот со проценета вредност од 565 милиони евра.

Како што пишува Недељник листата на 100-те најбогати луѓе во регионот ја составиле експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза. Тие ги користеле најавторитетните мултипликатори на Stern School of Business Универзитетот во Њујорк.

„Со листата не сакавме да покажеме колку пари имаат овие бизнисмени во моментов. Она што сакаме да кажеме е колку вредат нивните компании и колку пари би можеле да добијат, ако денес се продадат“, пишува Недељник.

Во првиот дел на листата на милијардери од регионот, на 18. место се најде бизнисменот од Кавадарци Илија Гечев, сопственик на ИГМ Трејд чие богатство се проценува на милијарда и 60 милиони евра.

На листата објавена денеска од 31-то до 40 место, но на милионери се најде бизнисменот Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД Алкалоид од Скопје. Неговото богатство се проценува на 651.330.000 евра и тој е на 38. место.

Живко Мукаетов од Алкалоид на 38. место во регионот по богатството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот