Анализа на Институтот Преспа: „10 плус 1 прашања за руската инвазија врз Украина и нејзиниот ефект врз Европа и Северна Македонија”

директорот на Институт ПРЕСПА Андреја Стојковски
Андреја Стојковски, директорот на Институт ПРЕСПА / Утрински брифинг

Институтот „ПРЕСПА” денеска организира виртуелна презентација на анализата „10 плус 1 прашања за руската инвазија врз Украина и нејзиниот ефект врз Европа и Северна Македонија”.

Како што информираат од Институтот, на настанот, кој ќе се одржи на платформата „Зум”, ќе биде претставена анализата направена од членките на Работната група на експерти за надворешна и безбедносна политика и извршниот директор на Институтот.

Анализата одговара на прашања како, дали е ова конфликт, специјална операција или војна? Кои се шансите за нуклеарна војна? Како војната ќе влијае врз економијата на Северна Македонија? Како Северна Македонија може да ѝ помогне на Украина? Зошто е важно Србија да се приклучи кон санкциите? Дали има изворно проруско расположение во Северна Македонија? Што прави Европската Унија за да ѝ помогне на Украина? Може ли Украина да нè престигне во процесот на пристапување? Дали други прашања можат да го нарушат единството на Европската Унија? Дали сме подготвени за нов бегалски бран и како можеме поуспешно да се справиме со војната и нејзините ефекти.

Виртуелниот настан ќе започне во 17:30 часот и говорници на наго ќе бидат авторките на анализата, м-р Ивана Јордановска, постара соработничка и раководителка на работната група и доцент д-р Весна Попоска, м-р Весна Шапкоски, и Ангелина Цветковска, членки на работната група.

Настанот ќе го модерира Андреја Стојковски, извршен директор на Институтот „ПРЕСПА”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот